По третото гласање на конклавата за избор на 267-миот Папа, ниту еден кардинал не ги доби потребните гласови.
Повторно, црн чад се издигна од оџакот над Сикстинската капела во четврток, 8 мај 2025 година во 11:50 часот, означувајќи дека по второто и третото гласање од првиот цел ден од конклавата гласовите се недоволни за избор на новиот Папа.
Следува пауза за ручек и се очекува гласањето да продолжи околу 16:00 часот.
Десетици илјади луѓе се собраа на плоштадот „Свети Петар“, очекувајќи од оџакот на познатата капела со фреските на Микеланџело знак дека е избран новиот Папа
Ватикан њуз/к.мк