И покрај војната во Светата земја, рекорден број посетители на местото на крштевањето на Исус
Местото каде што е крстен Исус, Ал Магтас на јорданската страна на реката Јордан, го посетиле 212.000 луѓе во 2023 година
И покрај силниот пад на бројот на ходочесници со почетокот на војната во Газа, местото на раѓањето на Исус го посетиле рекорден број луѓе, според зборовите на директорот на комплексот Ал Магтас, Рустом Мкџијан кои даде изјава за арапскиот христијански портал Абуна. Оваа година се навршуваат 25 години откако кралот на Јордан ја иницираше изградбата на комплексот.
Војната во Светата Земја влијае и на туризмот во Јордан, иако земјата останува безбедна туристичка дестинација, рече Мкџијан. Бројот на посетители е зголемен за 36 % во однос на претходната година. Третина од нив дошле од Италија и Франција. Меѓу арапските посетители, Либанците водат, додека Јорданците сочинуваа околу шест отсто од вкупниот број посетители минатата година.
На празникот Крштение Господово, на кој илјадници верници од сите делови на Јордан традиционално одат на ходочестие во Ал Магтас, оваа година би требало да биде поскромна, со оглед на жртвите во војната.
Според Католичкиот медиумски центар во Аман, традицијата на ходочестие на реката Јордан била обновена во јубилејната 2000 година. Оттогаш, траат работите за изградба на комплексот на иницијатива на јорданскиот крал Абдула Втори, вклучувајќи ги и црковни згради за неколку христијански заедници.
Ал Магтас, местото на крштевањето на Исус, беше вклучено во списокот на светско наследство на УНЕСКО во 2015 година. Во рамките на проектот во вредност од 280 милиони евра, планирана е дополнителна изградба на комплексот на површина од 138 хектари околу местото на крштевањето. Јорданските власти сакаат да ги подобрат услугите за ходочесниците и другите посетители. Во октомври 2020 година, беше формиран меѓународен меѓуверски совет за да ја надгледува изградбата. Членовите на советот меѓу останатите се Далај Лама, кинескиот бизнисмен Џек Ма и директорот и актер од Нов Зеланд, Сер Питер Џексон.
Ватикан њуз/к.мк