По вонредното заседавање, Италијанската бискупска конференција даруваше преку Италјанскиот Каритас милион евра помош на жртвите од земјотресот во Хаити.
Епископите исто одлучија на светите Литургии следната недела во сите италијански парохии ќе се собира милостина за Хаити. Италијанскиот Каритас помага на таа карипска држава уште од земјотресот кој го погоди во 2010 година.
Во меѓувреме расте бројот на жртвите од катастрфалниот земјотрес кој на 14 август го погоди Хаити. Официјални извори сега зборуваат за најмалку 1.940 починати и скоро 10.000 ранети. Земјотресот со магнитуда од 7,2 според Рихтер нанесе огромна материјална штета – срушени се куќи, училишта, болници и цркви и уништен е поголем дел од инфраструктурата.Привремениот премиер Ариел Хенри прогласи вонредна состојба.
Ватикан њуз/к.мк