Размислување за 32 Недела по Педесетница според Евангелието од Лука 19,1-10
Неделата на Захеј е духовен мост кој спојува два важни моменти во откупувањето на човечкиот род: Божиќ и Великиот пост, светата тајна на Рождеството на Синот Божји и Неговата смрт на крстот и воскресението. Средбата на Исус со Захеј е последниот пат кога Тој оди во Ерусалим. Времето на спасението е близу. Дојде часот кога оние што погледнаа во Исус веќе беа среќни, бидејќи го видоа и слушнаа она што пророците и царевите сакаа да го видат и слушнат. Се приближува времето кога книжниците побараа од Спасителот вечен живот, спасението тропа на вратата, зашто она што е „невозможно за луѓето за Бога е можно“ (Лука 18,27), а средбата на Христос со Закхеј е исполнување на невозможното.
Описот на средбата на Захеј со Исус ја открива вистината за него, каква личност навистина бил. Закхеј по занимање бил цариник и собирал даноци за римската власт. Израелците не ги доживуваа позитивно таквите луѓе, не ги сакаа затоа што им служеа на окупаторите. Но, средбата со Христос открива сосема друга слика за него.
Слушајќи за Исусовите дела, Захеј сакал да дознае нешто повеќе за Него. Тој се искачува на дрво за подобро да го види Спасителот, кој доаѓа со група ученици и мноштво луѓе. Христос го забележал и го ценел напорот на цариникот, така што едноставната човечка љубопитност завршила со благослов, спасение за него и целото негово семејство.
Евангелистот Лука забележува дека Захеј бил цариник и богат човек. Но, во исто време во неговата душа имало многу едноставност и искреност. Затоа со задоволство го прима Христос во својот дом. И во знак на љубов кон Исус, тој решава половина од својот имот да го подели на сиромашните и да им се извини на сите ккои со своите постапки како цариник ги има навредно и обесправено.
Богатството не го спречило да се сретне со Исус Христос, да го добие Божјиот благослов и спасение. Преку едноставноста, искреноста, отвореноста на срцето, Бог го наоѓа патот до секој човек, дури и до најголемиот грешник.
Спротивно од Захеј е богатото младо момче. Момчето било побожно затоа што ги пазело сите заповеди уште од своето детство. Во исто време момчето имало големо богатство. Младиот човек, исто така, го запознал Исус со неговиот живот, но тоа не му донесе ништо добро. Кога Христос го повика да го подели своето богатство со сиромашните како знак на спасение, тој не беше подготвен на тоа. Иако беше побожен, неговото срце беше повеќе приврзано за богатството отколку за Господ Бог. Во душата на младото момче недостасуваше едноставност, понизност и целосна преданост во Господ. Поради тоа, тој го загуби Божјиот благослов, тажно се врати, незадоволен од Исус Христос, не го препозна во Него изворот на својата среќа. Наместо за момчето, , Христос стана за Захеј извор на вистинска радост и среќа на земјата и во вечноста.
Името Захеј значи да се биде чист, очистен. Но, тоа беше во спротивност со неговиот начин на живот и дела. Меѓутоа, Исус ја соединил оваа спротивставеност во една целина, претворајќи ја во синство на Авраам и спасение. Како цариник, богат со нечесни навики, Захеј беше надвор од спасението според законот. Но, едноставноста и искреноста на срцето на Захеј го отворија патот кон Бога и спасението. Невозможното за луѓето стана возможно преку Исус Христос.
Книжниците и фарисеите или богатото момче сметале себеси физички и духовно чисти – морално совршени, всушност, нивните души биле извалкани со слепило на гордоста. Со тоа го загубија Божјиот благослов и спасение од Исус Христос. Наместо тоа, Захеј и другите покајнички грешници добија вистинска чистота на душата и умот од Христа затоа што го препознаа Бога и Неговата голема љубов кон луѓето и Го прифатија како свој Спасител.
Во примерот на Захеј, гледаме како со сопственото богатство им служи на другите, вклучувајќи и да ги запознае со Бога, ги води до Исус и спасението. Спасителот го истакна неговото покајание велејќи: „Денес дојде спасението на овој дом, зашто и тој е син на Авраам“. Со своето преобраќање, цариникот Захеј доби спасение не само за себе, туку и за својот дом – своето семејство. Затоа меѓу светителите се спомнува паролата: „Спаси се себе си и другите близу тебе ќе се спасат“.
Кога Господ ни дава некакви дарови, таленти, тие не се само за нас, туку и за доброто на другите. За да имаме корист од нив, тие исто така треба да послужат и за доброто на другите, вклучително и да им се помогне да го запознаат Исус и Неговата љубов кон нас, всадувајќи во нивните срца вера и љубов кон Него, доближувајќи ги до Господ и спасението – учеството во Царството Небесно.
На другите им носиме спасение со вера, молитва, понизност, трпение, милост и простување. Од Светото Писмо знаеме дека Божјиот закон се заснова на две заповеди – љубовта кон Бога и љубовта кон ближниот, кои се неразделни. Кога се грижиме за љубовта кон Бога, таа мора истовремено да се гледа и преку нашата љубов кон ближниот. Затоа што во нив најчесто го среќаваме и го сакаме Исус Христос: „Доколку сте го направиле тоа на еден од овие Мои најмали браќа, Мене сте Ми го направиле“ (Матеј 25,40). Кога се грижиме за нашето спасение со дела и одиме по Царството Небесно по патот на Божјите заповеди, ние ги водиме другите по примерот на нашите животи. Зашто Царството Божјо е заедница на Божјата љубов со луѓето. „Зашто, каде се двајца или тројца собрани во Мое име, таму сум и Јас посреде нив.” (Матет 18,20). Затоа што е невозможно да се сака Бог, а да не се сака ближниот. Ако го сакаме Бога, но не ги водиме другите кон него, тогаш нашата љубов кон Господа е невистинита и патот кон небото е сомнителен: „Ако некој рече: „Го сакам Бога”, а го мрази својот брат, лажец е: оти, кој не го сака својот брат, кого го видел, како може да Го сака Бога, Кого не Го видел?. И таа заповед ја имаме од Него: кој Го сака Бога, да го сака и братот свој“ (1. Иван 4,21-20).
Ние, како христијани, се трудиме да им помогнеме на другите да ја дознаат вистината за Бога, да им помогнеме да го сакаат Исус со пазење на заповедите, со молитва во Светите Тајни. Но, често се случува децата, мажот или жената, брат или сестра или познаници да се спротивстават, велејќи: „Ах, каков светец се правиш. Само се молиш и одиш во црква“. Со нас се однесуваат како и со Захеј и велат: „Отиде во куќата на грешен човек“ (Лука 19,7). Но Христос се застапуваше за него и го оправда, му даде надеж за спасение. И не треба да се плашиме од оваа негативна критика на луѓето, туку да продолжиме да ги водиме ближните кон Бога со понизност и трпение, молејќи се за нив. Зашто ќе дојде време кога Господ ќе ги покаже плодовите на нашиот труд, ќе ги преобрати, отворајќи ги нивните срца и умови кон светлината на Божјата вистина.
Една девојка, откако отстапи од Бога, се разболе многу. Нејзината поранешна пријателка, која била голема верничка, ја посетила и гледајќи го нередот во собата, почнала да чисти. Изми сè, исчисти, го намести креветот, направи храна за болната пријателка и на крајот, на заминување, ја праша болната пријателка дали би сакала да се моли за неа. Но, таа грубо одговорила: „Бегај од тука со твојата молитва и не ме мачи!
Истото се случило и вториот и третиот ден, но пријателката имала големо трпение со болната пријателка и продолжила да доаѓа и да се грижи за неа додека не закрепне. Откако ја средила собата, христијанката и пришла на болната пријателка и ѝ кажла: Значи, драга моја, веќе си сосема здрава и нема потреба дополнително да те замарам. Јас нема да дојдам утре. Дозволи ми барем да те бакнам збогум!
Девојката долго време страдала и се каела поради грубото однесување со пријателка, па овие зборови конечно го допреа нејзиното тврдо срце. Таа се фрлила на вратот на својот пријателка и горко плачела. Девојката се извинила и срдечно се заблагодарила за грижата во тешките денови на болеста и изрази желба да застане на Божјиот пат. Двете пријателки клекнале, едната во солзи на покајание, а другата во солзи радосници и му заблагодариле на Господа за спасението. Како што можеме да видиме, трпението, разбирањето и искрената љубов се најлесниот пат до тврдите срца, до спасението.
Ако сме вистински христијани, нека нашиот начин на живот го исполнува нашето име и нека го исполни светот со Божја љубов. Затоа што со непримерно однесување ги лишуваме ближните од овој голем дар, го затвораме патот кон Бога, кон спасението. Нека постојано нѐ потсетуваат зборовите на апостол Павле: „Штом храната го соблазнува мојот брат, тогаш нема никогаш да јадам месо, за да не го соблазнувам својот брат, за кого умрел Христос.“ (1. Коринтјаните 8,13;11).
к.мк