Во понеделник 18 јанауари 2021 година папата Фрањо го именува монсињор Фабио Фабене за секретар на Конгрегацијата за прогласување на светци – соопшти прес-службата на Светиот Престол.
Пред да биде именуван на новата служба монс. Фабене ја извржуваше должноста потсекретар на Епископската синода.
Монсињор Фабене, титуларен бискуп од Монтефијасконе, е роден во Рим. Докторира по канонско право на Папскиот латерански универзитет. Автор е на неколку книги. Последната објавена книга, „Хармонија на службите“, за која папата Фрањо го напиша предговорот, ги сумира последните десет години на синодалните напори за да се поттикне учеството на верници лаици во животот на Црквата.
Ватикан њуз/к.мк