Папата Фрањо именува нов секртар на Конгрегацијата за Источни Цркви. Станува збор за монсињор Ѓорѓио Деметрио Галаро, кој до сега беше на чело на сицилијанската епархија Пијана дегли Албанеси.
Ѓорѓио Деметрио Галаро е роден 1948 година во Поцал на Сицилија, а по завршувањето на семинарија во Нота, се преселува во САД, каде завршува студии по теологија. За свештеник е ракоположен во 1972 година и осум години бил во пасторална служба во надбискупијата Лос Анџелес.
Откако во Рим се стекнал со докторат по Источно канонско право и со лиценцијат по екуменска теологија, монс. Галаро извршувал парохиски и наставни активности во мелкитската епархија во Масачусет, потоа во украинската епархија во Конектикат и во Рутенската архиепископија во Пенсилванија. Од 2011 година бил потпретседател на Друштвото за канонско право за Источните цркви, а од 2013 година советник во Конгрегацијата за Источни цркви.
Бил исто така секретар за канонски работи и судски викар во Питсбурската архиепископија, потоа како доцент по канонско право и екуменска теологија на Источно католичката семинарија свети Кирил и Методиј во Питсбург, и како судија во жалбените постапки при украинската архиепископија во Филаделфија. На 31 март 2015 година монс. Галаро е именува за епикоп на епархијата Пијана дегли Албанеси на Сицилија и е посветен на 28 јуни истата година.
Ватикан њуз/к.мк