Пред погребот во четврток, телото на почесниот папа Бенедикт XVI е изложено во базиликата Свети Петар, каде што верниците можат да му оддадат последна почит и да ги упатат своите молитви за упокојување на душата на покојниот Јозеф Рацингер. Првиот ден пред телото на покојниот папа Бенедикт XVI поминале над 65.000 луѓе, соопшти Канцеларијата за печат при Свтиот Престол.
Смртните останки на почесниот папа Бенедикт XVI се пренесени во базиликата Свети Петар, каде што ќе бидат изложени три дена за да можат верниците да се помолат и да му оддадат последна почит на поранешниот врховен понтиф.
Телото на почесниот Папа – е изложено пред Олтарот на Исповедта. Почесниот Папата е облечен во традиционални црвени литургиски облеки со митра, но без палиум (последниот симбол на јурисдикција што вообичаено не се користи за пензиониран прелат). Во неговите испреплетени прсти држи едноставна Бројаница.
Долги, молитвени редови
Во понеделник наутро, посмртните останки на почесниот Папа беа пренесени од манастирот во базиликата.
Долга низа од верници и други добронамерници веќе беше формирана рано наутро во понеделникот пред официјално да биде отворена базиликата за посетителите во 9.00 часот по Римско време.
Во понеделник наутро, посмртните останки на почесниот Папа беа пренесени од капелата на манастирот во базиликата на приватен обред, која ја преедводеше кардиналот Мауро Гамбети, кој ја носи титулата архипрезвитер на Свети Петар. Обредот траеше околу половина час.
Изложувањето на телото ќе продолжи до среда, а базиликата е отворена за верниците во понеделник од 9.00 до 19.00 часот, а во вторник и среда од 7.00 до 19.00 часот. Првиот ден пред телото на покојниот папа Бенедикт XVI поминале над 65.000 луѓе, соопшти Канцеларијата за печат при Свтиот Престол.
Часови за посета
Во четврток, папата Фрањо ќе стане првиот Папа во модерната историја што ќе предводи како Папа погреб на негов претходник. Светата Литургија за покој на душата ќе се служи во четврток наутро на плоштадот Свети Петар, со почеток во 9:30 часот по Римско време.
Бенедикт XVI потоа ќе биде погребан, како што побарал, во гробницата под базиликата, во гробот каде што бил погребан Свети Иван Павле II пред неговата беатификација.
Во согласност со желбите на починатиот почесен Папа, погребот и придружните обреди и церемонии ќе бидат обележани со истата едноставност што го карактеризираше животот на овој „скромен слуга во лозјето Господово“.
Ватикан њуз/к.мк