Молитва на света Матилда за душите во чистилиштето…
Оче наш кој си на небесата!
Понизно Те молиме, вечен, добар, милостив Оче за кутрите души кои Ти самиот си ги примил како свои деца, прости им што не Те љубеле и те отфрлиле од себе и не ти искажале чест! За покора и горчливо каење Ти ја принесуваме целата љубов и добрина на Твојот возљубен Син Господ наш Исус Христос.
Да се свети името твое!
Понизно Те молиме добар, милостив Оче прости им на кутрите души што не го почитувале Твоето свето Име и често недостојно го изговарале и непромислено го имале на устата! За покора и каење Ти ги принесуваме сите проповеди со кои Твојот возљубен Син Господ наш Исус Христос даде чест на Твоето свето Име на земјата.
Да дојде Царството твое!
Понизно Те молиме, вечен, добар, милостив Оче прости им и ослободи ги кутрите души што со ревносна љубов и со безрезервна желба не го барале Твоето Царство, туку често се збогатувале со земски добра! За покора и каење Ти ја пренесуваме големата желба на Твојот возљубен Син Господ наш Исус Христос во која бараше сите да бидат примени во Твоето свето царство.
Да биде волјата твоја, како на небото така и на земјата!
Понизно Те молиме, вечен, добар, милостив Оче прости им и ослободи ги кутрите души што покорно не се подложуваа на Твојата света волја, туку често според својата волја работеле и така не ја исполниле Твојата волја! За покора и каење Ти го пренесуваме светото Божествено Срце Исусово и Неговата покорност.
Лебот наш насушен дај ни го денес!
Понизно Те молиме, вечен, добар, милостив Оче прости им и ослободи ги кутрите души што со целосна побожност и љубов не ја примале најсветата света Тајна на олтарот, туку тоа го го правеле недостојно и го примале ретко и никогаш! За тие нивни гревови Ти ја пренесуваме светоста и побожноста на Твојот Син како и неговата најдлабока љубов и неискажлива желба со кои ни го даруваше ова неискажливо богатство.
И прости ни ги долговите наши како што им ги проштаваме ние на нашите должници!
Понизно Те молиме вечен, добар, милостив Оче прости им и ослободи ги кутрите души од нивните тешки долгови на гревот што своите непријатели не ги љубеле и што не сакале да им простат! За покора и каење за тие многубројни гревови Ти ги пренесуваме светите зборови на Твојот возљубен Син Господ наш Исус Христос што ги изговори на крстот: „Оче, прости им не знаат што прават!“
И не воведи нѐ во искушение!
Понизно Те молиме вечен, добар, милостив Оче прости им и ослободи ги кутрите души што не се бореле со големите искушенија, туку ја следеле примамливоста на злото и паднале во порочност! За покора и каење Ти ја принесуваме покорноста, макотрпните дела и целата горчлива мака и смрт на Твојот возљубен Син Господ наш Исус Христос.
Но избави нѐ од лукавиот!
Понизно Те молиме вечен, добар, милостив Оче прости им и ослободи ги кутрите души и доведи ги нив и нашите души до својот возљубен Син Господ наш Исус Христос во Царството на Твоето владеење, а тоа си Ти самиот. АМИН!
Битно/к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк