Светиот Отец одреди официјален датум за беатификација на неговиот претходник, папата Иван Павле I. Блажениот Божји слуга Албино Лучијани ќе биде прогласен за светец на 4 септември 2022 година.
Албино Лучијани беше избран за Папа за време на конклавата по смртта на Павле VI на 26 август 1978 година. Како што е познато, неговиот понтификат ненадејно заврши по само 33 дена на 28 септември истата година.
Во 2003 година, бискуспката фаза на процесот за беатификација и канонизација беше отворена од бискупот на Белуно – Фелтре. Три години подоцна, документацијата беше предадена на Конгрегацијата за прогласување на светците.
Албино Лучијани е шестиот Папа за кого е отворена канонска постапка за беатификација или канонизација по папите Пиј X, Пиј XII, Иван XXIII, Павле VI и Иван Павле II.
Помеѓу 2008 и 2015 година се примени вонсудски сведочења од 21 сведоци, вклучувајќи го и почесниот папа Бенедикт XVI. Сведочењето на папата Бенедикт XVI е уникатно, бидејќи за прв пат еден Папа дава лично сведоштво за својот претходник. Во светлината на новите сведоштва е важен придонесот на внуките Лина Петри и Пија Лучијани.
На 8 ноември 2017 година, папата Фрањо го одобри објавувањето на декретот за херојските доблести на Божјиот слуга Иван Павле I.
Со декрет од 13 октомври 2021 година, папата Фрањо го призна чудото на посебни исцелување кое му се припишува на застапништвотот на папата Лучијани.
Станува збор за излекување на 23 јули 2011 година во Буенос Аирес, на единаесетгодишно девојче кое боледувало од „тешка акутна воспалителна енцефалопатија, малигно епилептично заболување и септичен шок“, што практично значи многу блиску до смрт.
Ватикан њуз/к.мк