Папата Фрањо продолжува постепено да се подобрува по хоспитализацијата во болницата Гемели во Рим поради билатералната пневмонија, соопшти Канцеларијата за печат на Светиот Престол во неделата навечер
Канцеларијата за печат на Светиот Престол ги објави најновите информации поврзани со клиничката состојба на папата Фрањо во недела вечер, 9 март 2025 година, истакнувајќи дека се придружил на духовните вежби на Римската курија преку видео врска од болницата Гемели.
Духовните вежби започнаа во недела попладне во салата Павле VI, а ги води проповедникот на Папскиот дом, капуцинот патер Роберто Пазолини, а Светиот Отец духовно се придружи.
Утрото, кардиналот државниот секретар Пјетро Паролин и заменикот на државниот секретаријат, надбискупот Едгар Пења Пара го посетија Папата. Светиот Отец исто така, присуствуваше на света Литургија во заедништво со оние кои му помагаат овие денови.
Папата ја продолжи терапијата, како и респираторната и моторната физиотерапија. Ја следи пропишаната диета која сега вклучува цврста храна.
Неговата состојба изгледа стабилна, со благо постепено подобрување, како што е наведено во медицинскиот извештај во саботата вечер. Сепак, целокупната ситуација останува сложена, поради што лекарите да се воздржуваат од прогноза.
По високопроточната оксигенација со назални канили во текот на денот, вечерва Папата повторно ќе премине на неинвазивна механичка вентилација, како што е планирано.
Во понеделник навечер се очекува да биде објавен медицински извештај, бидејќи во неделата не е објавен поради стабилноста на неговата клиничка состојба.
Папата го објави текстот за неговото обраќање пред молитвата Ангел Господов, во кој им се заблагодарува на лекарите и медицинските сестри кои се грижат за него.
Тој, исто така, се моли за мноштвото луѓе во светот кои страдаат од болести, велејќи дека оние што се грижат за нив се знаци на Господовото присуство.
„За време на мојата повеќедневна хоспитализација тука“, пишува Папата, „и јас го доживувам внимателното служењето и нежноста, особено од лекарите и здравствените работници, на кои им благодарам од се срце“.
Ватикан њуз/к.мк