Канцеларијата за печат на Светиот Престол во понеделник вечерта, 24 февруари 2025 година, објави најнови информации за здравствената состојба на папата Фрањо: нема нови астматични респираторни кризи; некои лабораториски испитување се подобри. Благата бубрежна инсуфициенција не е причина за загриженост“. Папата Фрањо продолжи со работа и вечерта се јави во парохијата во Газа.
Во понеделник вечер, Канцеларијата за печат на Светиот Престол го даде следното соопштение за здравјето на папата Фрањо:
Терапијата со кислород продолжува, иако со малку намален проток и процент на кислород. Со оглед на сложеноста на клиничката слика, лекарите претпазливо сè уште не објавуваат прогноза.
Претпладнето прими света Причест, а попладнето продолжи со работните активности. Вечерта го повика парохискиот свештеник во Газа да ја изрази својата татковска близина. Папата Фрањо се заблагодарува на целиот Божји народ кој се собираат овие денови да се молат за неговото здравје“.
Ова стои во билтенот на Канцеларијата за печат на Светиот Престол за здравствената состојба на Папата, кој од 14 февруари е хоспитализиран во поликлиниката „Гемели“.