За работникот кој со години пешачи 33 километри на работа собрал 200 000 долари
Американецот Џејмс Робертсон (56) од Детроит, кој се најде во центарот на вниманието на американските и светски медиуми, бидејќи секој ден до работата и назад пешачел 33 километри. Благодарение на добротворната акција наскоро ќе може да си дозволи да купи не еден автомобил, туку цел возен парк.
Импресиониран од работната етика на Робертсон, кој и покрај секојдневното маратонско пешачење никогаш не задоцнил на работа, студентот Еван Лиди (19) започнал со собирање донации преку интернет со цел да собере доволно пари за да може Робертсон да си купи автомобил.
Благодарение на поединечни донации само за неколку дена во фондатицајта се насобраа 200.000 долари.
Целта на Лиди била да собере само 5.000 долари како би можел Робертсон да си купи било каков автомобил кој би му послужил да доаѓа на работа, но одговорот на неговата молба беше огромен.
„Ова е Детроит, такви се луѓето во Детроит. Велат дека Лос Анџелес е град на ангелите. Погрешно. Детроит е вистинскиот град на ангелите. Вечно ќе ви бидам должник“, рече Робертсон за локалните медиуми.
Робертсон од 1988 година е без автомобил, бидејќи не можел да си дозволи да купи и да го одржува новиот автомобил. На постојана работа оди од 2005 година и никогаш не отсуствувал од работата. Работи во фабрика од 14 – 22 часот и заработува 10 долари на час.
Лаудато/З.А.