Што би бил Божиќ без елка и јасли? Папата Фрањо укажува на нивната важност и ги опишува како „знаци на надеж“. Во својата Твитер порака во сабота 19 декември 2020 година сабота, ја спомнува нивната симболична моќ, посебно во времето на пандемијата.
Папата на својот Твитер профил пишува: „Елката и јаслите се знаци на надеж, особено во овие тешки времиња. Да не се задржуваме на надворешните знаци, туку да го бараме вистинското значење: Исус и од него објавената љубов Божја, бескрајната добрина која заблеска на земјата.”
Со писмото „Admirabile Signum“ објавено пред една година, тој ја поддржа „убавата традиција во нашите семејства“ пред Божиќ да се постави божиќна пештера, но исто така „добар обичај е таа да се постави и на работа, во училиште, болници, затвори, на јавни места и слично“ – рече Папата. „Пред јаслите, откриваме колку е важно за нашите често бурни животи да најдеме моменти на тишина и молитва“ – пишува папата Фрањо во документот.
Симболи кои ја зајакнуваат верата
Пред неколку дена, на приемот за донаторите на овогодинешната божиќна елка и јасли за плоштадот Свети Петар, папата Фрањо рече дека елката и јаслите помагаат да се создаде Божиќна атмосфера и „ја зајакнуваат нашата вера во големиот настан за Рождеството Христово“.
Ватикан њуз/к.мк