За кој грев светиот Иван не молчеше?

За кој грев светиот Иван не молчеше?

Можеби не сте знаеле, но молчењето исто така понекогаш може да биде грев. Свети Иван Крстител не можел да молчи за очигледен грев, туку пострада заради тоа што укажувал не него. Иван не го прифати она народно правило: Наведната глава меч не ја сечи. Не ја веднеше главата кога го гледаше гревот кај другиот, туку ја подигаше и главата и гласот, па ќе му каже на Ирод отворено што не е во ред со неговиот живот. И затоа главата му беше отсечена, таква е неговата маченичка смрт.

За кој грев светиот Иван не молчеше?

Евангелието ни зборува: Зашто сам Ирод прати да го фатат Ивана, го врза и го фрли во затвор, заради Иродијада, жената на брата му Филипа, оти се ожени со неа. Бидејќи Иван му велеше на Ирода: „Не ти е позволено да ја водиш жената на твојот брат!” Односно, Ирод извршил тежок грев на прељуба, кој Иван не можеше да го премолчи, туку го осуди овој безбожен чин на царот, бранејќи го Божјиот закон.

Ова Слово ни зборува многу конкретно. Каков е мојот став кон гревот, дали молчам за гревот? Оној што живее по Божјите заповеди не може да биде рамнодушен кон оние околу него, особено кога тие очигледно го кршат Божјиот закон, посебно со гревот на блуд и прељуба. Да погледнеме најпрво во своите животи, дали својот грев на блуд, прељуба или некој друг си го оправдуваме? Да погледнеме наоколу, дали можеме да пронајдеме некои од нашите блиски, кои живее во таков грев. Како ние реагираме? Дали можеби молчиме, го сведуваме на приватна работа, негов живот… Иван не молчеше затоа што потполно припаѓаше на Господ и знаеше дека со гревот не може да се прави копмпромис. Таков беше Иван Крстител, но дали сум јас како него?

к.мк/го*ко

 

Категорија: Колумни, Проповеди

За авторот