Започна 33. седница на Кардиналскиот совет

Започна 33. седница на Кардиналскиот совет

Во присуство на папата Фрањо на 17 февруари 2020 година во Ватикан започна состанокот на Кардиналскиот совет, кој ќе заврши во среда.

Кардиналите советници повторно се сретнаа со папата Фрањо на 33. состанок на Кардиналскиот совет. Нивната работа ќе биде поделена во три дена, до среда 19 февруари. На дневен ред е нацрт документот кој ќе ја земени конституцијата „Pastor Bonus“ од свети Иван Павле II., која е во сила од 28 јуни 1988 година, а која содржи 193 челна, 2 додотоци, како и промени кои се воведени од папата Бенедикт XVI. и папата Фрањо.

Работата на претходниот состанок

На 32. состанок на Кардиналскиот совет одржан исто така во присутност на Светиот Отец, од 2-4 декември минатата година, продолжи со разговор за нацрт новата апостолска конституција. При тоа посебно внимание е посветено на односите помеѓу Римската курија и Епископските конференции, како и поставување на верници лаици, мажи и жени, на одлучувачки должности во канцелариите на Куријата и други тела на Црквата, како и на размислување за теолошко – пасторалните видици.

Предлози за разгледување

Канцеларијата за печат при Светиот Престол за тој состанок јави дека за разгледување пристигнале некои предлози за текстот на новата апостолска конституција, односно материјали собрани од септември па до пред неколку дена пред почетокот на тој состанок, кој – како што е истакнато во соопштението од декември минатата година – ќе бидат прочитани и разгледани на следниот состанок во февруари 2020 година.

Ватикан њуз/к.мк

 

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот