Од 23 април 2018 година, во присуство на папата Фрањо во Ватикан започна работата на 24. заседание на Кардиналскиот совет, соопшти ватиканскиот прес-центар. Работата на Советот ќе трае до 25 април.
Потсетуваме дека Кардиналскиот совет е формиран од папата Фрањо на 28 септември 2013, за да му помага на Папата во управувањето со Црква и за изготвување на проект за реформи во Римската Курија.
Советот се состои од кардиналите Џузепе Берт – претседател на Гувернаторството на Ватикан; Франсиско Ксавиер Еразурис Оса – почесен архиепископ на Сантијаго де Чиле, Чиле; Освалд Грасијас – архиепископ на Бомбај, Индија; Рајнхард Маркс – Архиепископ на Минхен и Фрајзинг, Германија; Лорен Пасилија – архиепископ на Киншаса, Демократска Република Конго; Шон Патрик О’Мале – Архиепископ во Бостон, САД; Џорџ Пел – Архиепископ во Сиднеј, Австралија; Оскар Родригез Марадијага – архиепископ на Тегусигалпа, и Марчело Семераро – епископ на Албано, Италија, кој извршува функцијата на секретар.
РВ/к.мк