Започна со работа Папска перална за алишта за најсиромашните

Започна со работа Папска перална за алишта за најсиромашните

На 10 април 2017 година започна со работа пералната која бесплатно ќе ги пере алиштата на оние најсиромашните – посебно на бездомниците и луѓето без постојан престој – кои така ќе можат да ги исперат, исушат и да ја испеглат својата облека и ќебиња.

Од Папската милостилница пристигна соопштение – преку Канцеларијата за печат на Светиот Престол – за започнувањето со работа на „Папската перална“. На 10 април 2017 година започна со работа пералната која бесплатно ќе ги пере алиштата на оние најсиромашните – посебно на бездомниците и луѓето без постојан престој – кои така ќе можат да ги исперат, исушат и да ја испеглат својата облека и ќебиња.

Иницијативата дојде од повикот на Светиот Отец „конкретно“ да се потврди искуството од Јубилејната година. Така тој напиша во апостолкото писмо „Misericordia et misera“, на крајот од Јубилејот: „Сакајќи Христос да биде близу, бара да бидеме близу и до нашите браќа, затоа што ништо на Отецот не му е попријатно од конкретниот знак на милосрдие. Преку истата природа, милоста е видлива и опиплива во конкретното дело и динамика („Misericordia et misera“ br. 16) па време е да се даде место на фантазијата на милосрдието за да вроди многу нови дела, што е дар на милоста (бр.18).

Пералната за алишта се наоѓа внатре во „Центарот на народи на мирот,“ на заедницата Свети Егидиј, во стариот болнички коплекс Сан Галикано, на улицата Виа Сан Галикано 25. Токму здржение на волонтери – меѓу останатото – ќе ја води Папската перална за алишта. Активни се повеќе од 10 години – во прифаќањето и помош на најсиромашните, а наредните месеци ќе им се придружат и волонтери за бања, берберница, гардароба, болничка амбуланта и од магазинот за поделба на основните потреби.

Во тамошниот простор се наоѓаат шест најсовремени машини за перење и сушара, како и пегли, а сè донираше мултинационалната компанија „Вител корпорација“. За поделбата и координацијата на овој проект се грижи компанијата „Проктер и Гембл“, која веќе две години донира жилети и креми за бричење „Жилет“ на папската „Берберница за сиромашни“, на плоштадот Свети Петар и која обезбеди бесплатна набавка на детергенти за перење алишта – стои во соопштението на Папската милостињарница.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот