Започна петиот состанок на папата Фрањо со Кардиналскиот совет
Во вторник 1 јули 2014 година започна петиот состанок на папата Фрањо со Кардиналскиот совет, кој Светиот Отец го формира за да му помага во водењето на општата Црква и за разгледување на нацртот за ревизија на апостолската конституција „Пастор Бонус“, која се однесува на Римската курија.
Како што е соопштено од Канцеларијата за печат при Светиот Престол, состанокот ќе трае до 4 јули.
Претходните состаноци се одржани од 1-3 октомври и од 3-5 декември минатата година, како и од 17-19 февруари и од 28-30 април оваа година.
РВ/го*ко
Категорија:
Ватикан