По молитвата Царице небесна во текот на пладневниот наговор во неделата на 16 мај, папата Фрањо ја истакна важноста на тие тие седум дена кои се пригода да научиме да го слушаме крикот на земјата и сиромашните. Бројни се иницијативите на програмата во рамките на тој настан кој ќе заврши на 25 мај, со официјаниот почеток на Платформата на иницијативата Лаудато Си.
Папата Фрањо се заблагодари на Дикастеријата за промовирање на интегрален човеков развој како и на бројните организации кои пристапија на иницијативата „Недела на Лаудато Си“. Во неделата на крајот од пладневниот наговор ја спомна таа иницијатива организирана – како што рече – за да нѐ поучи сѐ повеќе да го слушаме крикот на земјата и крикот на сиромашните. Притоа ги повика сите на учество.
Целта е Дикастеријата за промовирање на интегрален човеков развој заедно со Глобалното католичко климатско движење, Меѓународните унии на генерални поглавари и поглаварки, Меѓунардониот Каритас, Дружбата Исусова и оците фрањевци да се одредат цртите за ангажирање во текот на следните години. Откако е објавена енцикликата на папата Фрањо за целосна екологија, Црквата и католциите во целиот свет постигнаа значаен напредок на нивниот пат на еколошкото преобраќање – истакнува спомнатата ватиканска дикастерија која на 16 мај минатата година во договор со папата Фрањо по повод пет годишнината од енцикликата го поттикна „Лаудато Си“ и Годината на посебната годишнина од Лаудато Си.
Овогодинешната Недела ќе го одбележи завршетокот на таа година покажувајќи колку во тоа време работите се промениле. Меѓутоа патот кој треба да се помине сѐ уште е долг, а во овој клучен момент до кој нѐ доведе пандемијата од болеста Ковид-19 е време да понудиме јасен план за следната деценија – се истакнува во едно друго соопштение.
Неделата на Лаудато Си ќе биде исто така прилика за преставување на ново средство кое на сите ќе им помогне во следните етапи на нивното одење. Станува збор за Платформата на иницијативата Лаудато Си на која ќе може да се пристапи преку официјалната ватиканска веб страница Лаудато Си на адресата www.laudatosi.va. Целта е платформата да ги собере главните црковни партнери преку разни акции и настани, да го шири понатаму „Евангелието на созданието“ преку мисионерско послание повикувајќи го Светиот Дух и застапништвото на Дева Марија на католичко ангажирање околу грижата за создаденото и да се вклучат контемплативните редови во молитва за таа цел – се објаснува во соопштението.
Како и минатата година и овогодинешната Недела на Лаудато Си ја поттикна Дикастеријата за промовирање на интегрален човеков развој во соработка со Глобалното католичко движење за клима кој го поддржува учеството на таа инцијатива повеќе од 150 католички партнери.
Ватикан њуз/к.мк