Започна духовната обнова за учесниците на Епископската синода

Започна духовната обнова за учесниците на Епископската синода

На 30 септември 2024 година во Ватикан започнаа дводневната духовна обнова за учесниците и делегатите на второто заседание на XVI Редовно генерално собрание на Епископската синода

Духовна обнова се одржува во Синодалната сала на салата „Павле VI“ под водство на англискиот доминикански отец Тимоти Редклиф и италијанската бенедиктинска сестра Марија Игнатија Анџелини. За молитвениот дел е задолжен италијанскиот монах од заедницата Камалдоли, отец Матео Ферари, помогнат од група други монаси од овој древен контемплативен ред.

Духовната обнова започна со поздрав од кардиналот Марио Греч, генерален секретар на Епископската синода, по што се следуваше молитва на Часовите.

Отец Редклиф потоа им се обрати на присутните со размислување на тема „Воскресение – потрага во темнината“, вдахновена од евангелскиот настан за Марија Магдалена, која, одејќи кон гробот на Исус во мугрите, го нашла празен и побрзала да им каже ученици за „инцидентот“. Околу пладне учесниците на духовните вежби ќе го слушнат второто размислување на отец Редклиф, а вечерта ќе служат заедно света Литургија во базиликата Свети Петар.

Духовната обнова за учесниците на Епископската синода ќе заврши на 1 октомври со покајно молитвено бдение во базиликата Свети Петар, кое ќе го предводи Фрањо. На 2 октомври ќе се одржи свеченото отворање на синодалната средба, која ќе продолжи до 27 октомври, на тема „За доброто на синодалната Црква: заедништво, учество, послание“.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот