Папата им се обрати на учесниците на Второто заседание на XVI редовно собрание на Епископската синода, која започна на 2 октомври 2024 година во Ватикан. Тој ја истакна клучната улога на синодалноста и мисионерската ориентација на Католичката црква во современиот свет.
Папата ги потсети присутните дека Црквата откако „повика на Синода“ во октомври 2021 година, помина значителен дел од долгото патување на кое Бог Отецот секогаш го повикува својот народ. Папата Фрањо истакна дека оваа Синода, водена од Светиот Дух, мора да даде значаен придонес во создавањето на вистинска синодална Црква во послание.
„Светиот Дух секогаш нè придружува. Тој е утеха во тагата и плачењето, особено кога чувствуваме очај – токму во името на љубовта што ја чувствуваме кон човештвото – пред неправдата, тешкотијата при простувањето, недостатокот на храброст во потрагата по мир.
Папата ги повика учесниците на Синодата на голема понизност и безгранична љубов. Истакна дека христијаните треба да бидат обединети и сочувствителни, да се чувствуваат браќа и сестри на сите луѓе, да ја споделуваат нивната болка и да ги препознаваат раните и страдањата на самиот Христос.во раните и страдањата на секој човек
„Синодалниот процес е исто така процес на учење, при кој Црквата учи подобро да се спознае себеси и да ги одредува најсоодветните облици на пасторална дејност во корист на посланието што ѝ е доверено од Бога“.
Светиот Отец истакна дека неговата одлука да вклучи во составот на XVI Редовно собрание значителен број лаици и посветени мажи и жени, ѓакони и презвитери како полноправни членови, е логичен развој на разбирањето на епископската служба изразено од Вториот ватиканси собор. Тој истакна дека епископот како видлив почеток и основа на единството на помесната Црква, не може да ја врши својата служба на друг начин освен во Божјиот народ, со Божјиот народ и пред Божјиот народ.
Папата Фрањо забележа дека присуството на луѓе кои не се епископи на генералното синодално собрание не ја намалува епископската димензија на средбата. Напротив, укажува на нова форма што мора да ја добие вршењето на епископската власт во Црквата и која се препознава како суштински релациона и затоа синодална.
На крајот од својот говор Папата ги повика сите учесници на Синодата да се отворат за делувањето на Светиот Дух, кој е сигурен водич и Утешител. Изрази надеж и уверување дека Синодата ќе и помогне на Црквата да стане посинодална и помисионерска, способна да се надмине себеси и да ги достигне географските и егзистенцијалните периферии, воспоставувајќи врски со сите во Христа, нашиот Брат и Господ.
Ватикан њуз/к.мк