Обредот потврда на смрта и полагање на телото на папата Фрањо во ковчег, кој се упокои на 21 април 2025 година, е одржан во истиот ден во 20 часот во капелата на приземјето на Домот Света Марта во Ватикан.
Смртта на Папата ја потврди камерленгото на Светата Римска Црква, кардинал Кевин Фарел. Обредот траеше нешто помалку од еден час.
Запечатени се и апартманите на Светиот Отец на третиот кат во Апостолската палата и на вториот кат во Домот Света Марта, каде што престојуваше папата Фрањо. Почнувајќи од понеделник навечер, соработниците имаат можност да се простат од Папата.
Првата генерална конгрегација на кардиналите ќе се одржи во вторник наутро, на која би можело да се одлучи евентуалниот датум за погреб.
Ватикан њуз/к.мк