Во велигденскиот период, заедници на Неокатекуменскиот пат во Македонија ја навестуваат радосната вест за Воскресението Христово на јавни места во Струмица, Скопје и Куманово.
Како и секоја година, членовите на заедниците во попладневните часови на градските плоштади, каде преку песна, сведоштво и кратки духовни пораки ја споделуваат керигмата, односно основната христијанска порака за спасението во Исус Христос.
Во своите сведоштва, тие зборуваат за присуството на Христос во нивниот живот и за силата на верата што преобразува, охрабрува и дава надеж. На настаните присуствуваат граѓани од различни вероисповеди, а средбите поминуваат во братска и отворена атмосфера.
Овие навестувања имаат за цел да ја приближат велигденската радост до луѓето и да потсетат дека пораката на Воскресението е упатена до секој човек.
Т.Б.

