Заврши Фестивалот на млади во Меѓугорје

Заврши Фестивалот на млади во Меѓугорје

Минатата недела, 6 август во Меѓугорје заврши големиот фестивал на млади. И покрај големата жештина на фестивалот учествуваа над 50.000 млади, а настанот преку интернет беше следен од илјадници млади од целиот свет.

На програмата како и секоја година имаше секојдневно света Литургија, Обожавање, Света Бројаница, Исповед, бројни сведоштва и многу музика.

На средбата учествуваа 450 свештеници и кардинал Ернест Симони Трошани, кој беше испратен од Папата. Кардинал Симони беше воодушевен, јавуваат хрватските медиуми, кој откри дека претходно го прашал Папата, дали смее на фестивалот да го пренесе благословот на Папата, а Папата без двоумење тоа го дозволил. Ова е прв „официјален папски благослов“ за поклоничкото место и еден добар знак од папата Фрањо за Меѓугорје.

Катнет/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот