Заврши побожноста „Мариини семејства“ во парохијата Свети Кирил и Методиј во Петралинци

Статуата на Пресвета Богородица ги посети домовите на верниците во парохијата „Свети Кирил и Методиј“ во Петралинци.

На почетокот на месец февруари 2015 година во парохијата „Свети Кирил и Методиј“ во Петралинци заврши побожноста „Мариини семејства“. По повод Годината на семејството на 22 декември 2014 година на празникот Безгрешно зачнување на Пресвета Богородица, статуата на Пресвета Богородица тргна во посета на семејствата во парохијата.

Во секое семејство се молеше Света Бројаница, молитвата во Годината на семејството и се читаше Евангелието од денот. Статуата во семејството остануваше 24 часа, време во кое семејството молеше за своите потреби и благодареше за добиените милости.

Во недела семејствата кои беа посетени од кипот на Пресвета Богородица во седмицата која изминала, имаа заедничка света Литургија.

Статуата на Пресвета Богородица беше придружувана од младите и децата од парохијата, заедно со парохот о. Ѓорѓи Појразов.

Целта на оваа иницијатива беше да се поттикне заедничка молитвата во семејствата, како и да се измолат милости и благослов за парохиската заедница.

к.мк/Д.И.

Категорија: Свет

За авторот