На 13 Генерална конгрегација на Синодата за млади одржана во вторник 17 октомври 2018 година, продолжена е расправата започната претпладне за третиот дел од документот „Instrumentum laboris.“
Светоста не е само некој идеал. Има голем број сведоштва кои младите ги даваат и во нашето свеме – е истакнато на Епискоскопската синода за млади. Синодските оци кои зборуваа на 13. Генерална конгрегација дадоа трогателни примери на млади кои живеат во оние делови на светот во кои христијаните се малцинство и тоа често прогонето малцинство. Своите мисли најпрво ги свртеа на Блискиот Исток каде има многу луѓе кои се убиени заради верата во Исус Христос, потоа во Индија, припадниците на кастата далит кои се последни во општеството, луѓе без права, но кои сепак си ја сочувале верата, своето единствено богатство, подготвени да одат во пресрет на мачеништвото.
Христијанското сведоштво пробудува нови преобраќања
Од сведоштвото на тие светци во нашето време произлегуваат нови преобраќања. Секој млад човек се стреми кон светост и бара; потенцирано е на синодата – потребни ѝ се веродостојни сведоци, упоришта од кои може да се вдахнува; младиот човек сака да сретне пастири кој го живеат духот на блаженството, кои молат, размислуваат и кои не се едноставни вработени или функционери на некои институции. Затоа е потребно пасторално преобраќање. Младите не сакаат само убави зборови и ги навредува скандалот со злоупотребата. Затоа епископите ги поттикнаа пастирите на траспарентност, и радосно да покажат дека целибатот и чистота се возможни со милоста Божја.
Црква во светот, а не од светот
Треба да се биде во светот, но не да се биде од светот. Вистината и милосрдието се неразделиви, а нивниот центар е во Христос – истакнаа синодските оци. Во таа смисла е многу важен ликот на добриот духовник, кој иако го осудува гревот, ја придружува личноста со љубов. Бог нѐ прифаќа такви какви што сме, но не остава такви; нѐ преобразува во нови мажи и жени – е истакнато на синодата.
Нека Црквата не се откажува од говорот за крстот
Епископите зборуваат и за денешната материјалистичка и хедонистичка култура која настојува да го исфрли Бог од човечкото срце предлагајќи му лажни идоли, како што се парите, зависноста, минливите задоволства и одбивање на христијанските идеали и вредности како семејството. Тие се предизвиците пред кои Црквата не смее да откаже од упатувањето на силата на воскреснатиот Христос и од навестувањето. Крстот не ги плаши младите кои сакаат јасно, а не неодредено навестување на Евангелието.
Драмата на невработеноста и миграцијата
Вниманието на учесниците на синодата е ставено и на драмата на невработеноста. Нека Црквата биде семејство, грижлива во помошта на младите без работа. Така на синодските оци им е претставен примерот на црковна поддршка во проектите за микрокредити со уверувањето дека работата помага за да се даде смислата на животот, и дека вложувањето во младите значи подобро да се подготви иднината на општеството. Заради тоа пастирите треба да ги поттикнуваат институциите на поголемо внимание кон новите генерации, најмногу кон оние кои се принудени да се иселат напуштајќи го семејството и сопствените корени.
Право на Црквата да ги воспитува младите
Од синодата исто така произлезе барањето дека Црквата не се откажува од правото на воспитување на младите во училиштата и на универзитетите. Затоа се препорачува најпрво да се сочуваат веќе постоечките училишта, а потоа да се отвораат нови. „Не“ на прозилитизмот – е истакнато – но наставните програми со католичко вдахновение треба да се зацврстат – е мислењето на синодските оци кои освен тоа предупредија дека не треба да се заборави големиот број сиромашни семејства кои од финансиска причина не можат на децата да им овозможат добро образование.
Ватикан њуз/к.мк