Епископот Стојанов ја прими новата хрватска амбасадорка во Македонија

Епископот Стојанов ја прими новата хрватска амбасадорка во Македонија

Во епископската резиденција во Скопје, на 3 декември 2019 година, Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх, монс. Киро Стојанов ја прими новата амбасадорка на Хрватска, Нивес Тигањ во Македонија.

Бискупот Стојанов ја запозна новата амбасадорка Тигањ со историјата и активностите на Католичката црква во Македонија, која е организирана во Скопска Бискупија, за верниците од западен обред и Струмичко – скопска епархија за верниците од источен обред, како и за поврзаноста со Бискупските конференции во Хрватска и Босна и Херцеговина. Соговорниците исто така се осврнаа на животот и активностите на Хрватската заедница во Македонија, како и за претстојното претседавање на Хрватска со претседателството на Советот на Европската унија.

Амбасадорката Тигањ изрази благодарност за средбата, како и подготвеност за соработка.

Ватикан њуз/к.мк

 

Категорија: Вести, Македонија

За авторот