Во недела, 13 септември 2026 година, Н.В.П. монсињор д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко-скопски епарх, служеше света Литургија во црквата „Свети Јосиф“ на Бит Пазар во Скопје, при што ја благослови обновената црква.
Со епископот Стојанов сослужуваа парохот дон Карол Томашевски и бискупскиот канцелар и економ отец Марјан Ристов. На Литургијата присуствуваа верници, чесни сестри, добротвори и помагатели на црквата.
Црквата е темелно обновена по 63 години, а работите траеја околу пет месеци.
Во својата проповед епископот Стојанов нагласи дека обновата на храмот, воедно е и повик за духовна обнова на верните. Тој посебно се осврна на значењето на олтарот и Пресветата Евхаристија, како и на Божјото слово со кое се храни верниот народ.
„Оваа црква денес станува Божја и наша. Дом Божји и наш“, порача епископот, нагласувајќи дека храмот треба да биде место на молитва, мир, помирување и духовна утеха.
На крајот од Литургијата монсињор Стојанов им се заблагодари на сите кои придонесоа за обновата, меѓу кои канцеларот и економ на Скопска бискупија и струмичко-скопска епархија о. Марјан Ристов за неговата несебична и неизмерна пожтрвуваност и за сиот труд што го вложи во обновата на оваа Црква, м-р Антон Кајтази и „Кајтази-инвест“, Сашо Манолев и „Електро-Лаб“, патер Винко Маслаќ, патер Томислав Рукавина, дон Карол Томашевски, браќата Перица и Гоце Голомеиќ со семејствата, „Кнауф“, „Аслајт“, Димитар Точекаја, Ристо и Тони Ристови, „Паком компани – Вивакс“, „Тим Електро Плус“, сакристанот Ратко Карделев, како и на сите останати верници и добротвори, посакувајќи им Божји благослов.
к.мк

