Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх монс. д-р Киро Стојанов, на 9 април 2024 година, упати честитка до монсињор Христо Пројков, досегашен епископ на епархијата „Свети Иван XXII“ со седиште во Софија, Бугарија, по повод именувањето на монсињор Петко Валов за негов наследник.
Во честитката епископот Стојанов вели: Потсетувајќи се со благодарност за годините кои ги поминавте служејќи на довереното стадо, останувајќи верни на Црквата во исклучително тешки историски превирања, просветлени со Божјата провидност и Вашата посветеност оставивте неизбришлива трага во месната Црква, придонесувајќи за духовниот раст на довереното Ви стадо, опстојување и изградба на месната Црква во исклучително тешките времиња на промени.
Епископот Стојанов во честитката моли Господ Бог да му дарува здравје и сила на монсињор Пројков за да може и понатаму со молитва да ја придружува месната Црквата и да служи во понизно заедништво со неговиот наследник.
Благодарејќи на Бога за верното служење на Црквата, епископот Стојанов ги ветува своите молитви, како и молитвите на свештениците, членовите на монашките заедници и верниците на Скопска бискупија и Струмичко – скопска епархија – стои на крајот од честитката на монсињор Киро Стојанов упатена до монсињор Христо Пројков.
Ватикан њуз/к.мк
Папата го именува отец Петко Валов за епископ на епархијата „Свети Иван XXIII“ во Бугарија