Во недела на мироносицте, 16 мај 2021 година Скопскиот бискупи Струмичко – скопски епарх монс. Киро Стојанов, во сослужение со домашниот парох о. Тома Ангелов, служеше света архиерејска Литургија во парохијата Свети Кирил и Методиј во Богданци, која е една од најстарите парохии во Струмиќко – скопската епархија.
Во својата проповед епископот Стојанов го истакна служењето во Црквата, а пред сѐ улогата на жената во Црквата: „Она што во овие времиња нѐ охрабрува како верници, кога малку неоправдано се пренагласува навидум правото на жената, Црквата може секогаш да го покаже токму ликот на жената во Евангелието – ликот на Марија Магдалена, дека улогата на жената во Црквата е еднаква како и кај мажите и дека Марија Магдалена е токму пример како жената му служи на Бог, што е поттик за сите нас. Она што жената и мајката му го дава на човештвото е непроценливо во споредба со сѐ друго“ – истакна монс. Стојанов и додаде: „Споменденот на Марија Магдалена папата Фрањо го воздигна на ниво на празник, како што се почитуваат апостолите, за да ја почитуваме и неа. Значи, можеме да ја наречеме жена апостол“.
На крајот од светата Литургија епископот Стојанов ја подели Светата Тајна Крштение на четвртото дете во семејството на Наталија и Станимир Димковски, ја крсти малата Александра.
Во семејството Димковски Александра е четврто дете. Тие имаат три деца Борис, Марија и Александра. Пред некоја година третото дете Александра почина, но Бог ги обдари со нова радост и им дарува четврто дете, на ѝ дадоа име Александра.