На 9 мај 2018 година, Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македонија, монс. д-р Киро Стојанов се сретна со министерот за култура господин м-р Роберт Алаѓозовски.
Соговорниците разговараа за прашања кои се однесуваат на Католичката црква во Македонија, како и за културно духовната манифестација „Денови на света Мајка Тереза во Скопје“, која се одржува од 3-5 септември. Во знак на благодарност бискупот Стојанов на министерот Алаѓозовски му ја подари монографијата која зборува за Татковинската прослава „Денови на света Мајка Тереза“.
к.мк