Епископот Стојанов се сретна со градоначалникот на Босилово, Ристо Манчев

Епископот Стојанов се сретна со градоначалникот на Босилово, Ристо Манчев

Епископот Стојанов се сретна со градоначалникот Манчев во просториите на општина Босилово, разговарајќи на теми од заеднички интерес

Во петок 28 март 2025 година, Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх монсињор д-р Киро Стојанов, придружуван од деканот и директор на Македонски Каритас, отец д-р Зоран И. Стојанов и парохот во Радово отец Илија Стојанов, во просториите на општина Босилово оствари средба со градоначалникот на Општината, господин Ристо Манчев.

Во пријатна и срдечна атмосфера епископот Стојанов се заблагодари на градоначалникот Манчев за досегашната соработка и подготвеноста на општина Босилово воспоставената соработка да се продлабочува. Покрај тоа на средбата се разговараше на теми од заеднички интерес.

На крајот од средбата епископот Стојанов на градоначалникот Манчев му подари медалјон од епархијата со катедралата „Успение на Пресвета Богородица“-  Струмица и релјеф со ликот на Света Мајка Тереза.

к.мк

Категорија: Uncategorized

За авторот