Епископот Стојанов прими Јубилејна плакета од Црвен Крст за работата на Македонски Каритас

Во рамки на одбележувањето на 80-годишнината од основањето на Црвениот крст на Македонија, на 5 март 2025 година во хотел Дабл Три Хилтон во организација на Црвениот крст, Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх и воедно претседател на Македонски Каритас монсињор д-р Киро Стојанов од генералниот секретар на Црвениот Крст на Македонија д-р Саит Саити прими Јубилејна плакета за посветената хуманитарна работа на фондацијата Македонски Каритас. Монсињор Стојанов искажа благодарност до г-дин Саит Саити за искажаната чест.
На присутните им се обратија Генералниот секретар на ЦКРСМ, д-р Саит Саити, Министерот за социјална политика, демографија и млади г-дин Фатмир Лимани, заменик министерот за образование и наука г-дин Лулзим Алију и заменик министерот за внатрешни работи г-дин Астрит Исени кои искажаа задоволство и благодарност за досегашната соработка како и интерес за продолжување на партнерството.
Покрај епископот Стојанов јубилејни плакети за плодната соработка и поддршка во остварување на хуманитарните цели примија и Министерство за социјална политика, демографија и млади, Министерство за здравство, Министерство за обрзаование и наука, Министерство за внатрешни работи, Министерство за одбрана, Генералштаб на АРМ, Амбасада на САД во Северна Македонија, Стопанска комора на северозападна Македонија, Стопанска комора на Македонија – Турција, Сојуз на стопански комори на Македонија, Стопанска комора на Македонија, ЕВН Македонија, Македонски Телеком, А1 Македонија, Алма М, НЛБ Банка, Кожувчанка, Дијаг, Албиз, Македонски центар за меѓународна соработка, Даут Селими, Васил Тунев, Силви Бенд, Агим Ајрулаху и Ирена Спировска
к.мк