Епископот Стојанов на Божиќ служеше во катедралата „Успение на Пресвета Богородица“ во Струмица

Епископот Стојанов на Божиќ служеше во катедралата „Успение на Пресвета Богородица“ во Струмица

Во вторник вечер 6 јануари 2026 година, за празникот Рождеството Христово, Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх монсињор д-р Киро Стојанов служеше божиќна архиерејска Литургија во катедралата „Успение на Пресвета Богородица“ во Струмица. Со епископот сослужуваа катедралниот парох протојереј ставрофор отец Спасо Ристов, поранешниот катедрален парох протојереј ставрофор отец Георги Трајков и протојереј отец Гоце Костов.

На почетокот од проповедта епископот ги поздрави верниците со поздравот „Христос се роди“, цитирајќи го пророкот кој најавува дека Дете ни се роди, ни се даде Син. Тој ги повика верниците да се запрашаат дали навистина можат да проникнат во срцето на Божикното таинство. Исус не се роди во палата, па дури и во гостилница, туку во сиромаштија, во Витлеемска пештера.

Тој истакна дека Пресвета Богородица и свети Јосиф со ништо не допринеле со свои сили за Неговото доаѓање, но во одлучувачкиот момент слободно дале согласност на Божјата иницијатива. Марија му одговара на ангелот Гавриил со доверба: „Нека ми биде според зборовите твои“, а Јосиф, размислувал како да ја реши дилемата со која се борел во себе и откако му било откриено во сон дека Неговата свршеница носи плот на Светиот Дух, тој го прифатил своето место во Божјиот план и се согласил да ја изврши задачата што му била доверена.

Во продолжението, епископот рече Божик дека е неочекуван и незаслужен дар за човечкиот род и ни открива дека добрата вест не зависи од нашите достигнувања, истакнувајќи дека човек може да купи многу работи, но не може да купи љубов, радост и вистинска среќа. Љубовта што се купува или што повторно бара враќање не е вистинска љубов и е осудена на неуспех – истакна епископот Стојанов.

Затоа, рече монсињор Стојанов, никој не може да го купи Божик и токму поради тоа е незаслужена благодат дадена на нас смртниците, повикувајќи со благодарност да го славиме Божик и да му благодариме на Бога за овој незаслужен дар, на пријателство, а важноста на Божик се покажува во Детето кој е лежи во јаслите. Епископот ги повика верниците таму каде што Бог нé среќава во Својата љубов да клекнат во молитва и поклонувајќи се да Му заблагодарат, поради тоа што размената на дарови има причина зошто Бог се дарува Самиот Себе во Својот Син Исус Христос.

Повикани со вера, љубов и доверба да одиме кај јаслите. На Младенецот Исус да Му го даруваме она што го имаме: нашата срца, она добро што го носиме, но и нашите гревови, слабости и неуспеси во животот. Христос ги прифати, зашто дојде да ја сподели нашата болка и да ја земе врз Себе, станувајќи наш Спасител и Месија.

Епископот Стојанов проповедта ја заврши со зборовите: Браќа и сестри, со овие мисли, со овие зборови, на сите вас од се срце ви го честитам празникот на Христовото раѓање Божик, и нека ве исполни со радост, среќа и мир. Мир со Господа, мир со сите. Христос се роди!

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот