Епископот Стојанов е домаќин на поглаварот на Унгарската источна католичка црква Петер Фулоп Кочис
Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх монсињор д-р Киро Стојанов во сабота 13 декември 2025 година беше домаќин на поглаварот на Унгарската источна католичка црква Петер Фулоп Кочис, митрополит архиепископ на Дебрецен.
По тој повод епископот Стојанов го запозна со животот на Католичката црква Македонија, посетувајќи ја катедралата „Успение на Пресвета Богордица“ – Струмица, парохијата „Свети пророк Илија“ – Радово, парохијата „Раѓање на свети Иван Крстител“ и студиото на Радио Марија во Струмица. Потоа ја посетија Неокатехуменската заедница, која имаше конвивенција во Дојран и парохијата „Свети Петар и Павле“ во Гевгелија.
Во вечерните часови епископот Стојанов заедно со архиепископот Кочис присуствуваа на традиционалниот Божиќен концерт во катедралата „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје во организација на Хрватската амбасада во Скопје.
к.мк




