Епископот Стојанов го прими францускиот амбасадор Ле Риголер

Епископот Стојанов го прими францускиот амбасадор Ле Риголер

Во петок, 27 декември 2024 година, Скопскиот бискуп и Струмичко–скопски епарх монсињор д-р Киро Стојанов во бискупската резиденција на Водно во Скопје го прими во протоколарна посета амбасадорот на Република Франција Н.Е. Кристоф Ле Риголер.

Во срдечниот разговор епископот Стојанов го запозна амбасадорот Ле Риголер за животот и активностите на Католичката црква во Македонија, а разговараа и за теми од заеднички интерес и можности за унапредување на соработката.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот