Во сабота, 25 јануари 2025 година, Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски бискуп монсињор д-р Киро Стојанов ја отвори Јубилејната врата во капелата „Света Мајка Тереза“ во НУ Спомен куќа на Мајка Тереза во Скопје и со тоа капелата официјално стана јубилејно ходочесничко место. Во таа прилика епископот служеше света Литургија во заедништво со катедралниот парох во Скопје дон Винко Маслаќ и бискупскиот канцелар протојереј ставрофор отец Марјан Ристов.
Во проповедта епископот Стојанов се осврна на Јубилејот, важноста за верничкиот живот и благодатите кои ги дава, пред се мислејќи на потполниот опрост и додаде дека треба оваа Јубилејна година да ја искористиме можноста која Црквата ни ја нуди за да се исполниме со Божјата благодат и никогаш да не се разочаруваме.
Епископот Стојанов за време на божиќните празнувања ги отвори јубилејните врати во катедралите во Скопје и Струмица, кои воедно ги прогласи за јубилејни места за ходочестие, како и капелата Мајка Тереза во Скопје и црквата Мајка Божја Утешителка во Паљурци.
к.мк