Епископот Стојанов ги освети новите камбани на Струмичката катедрала

Епископот Стојанов ги освети новите камбани на Струмичката катедрала

Во недела 16 декември 2018 година Н.В.П. д-р Киро Стојанов служеше архиерејска Литургија во Катедралната црква „Упсение на Пресвета Богородица“ – Струмица во заедништво со свештеници од Струмичко – скопската епархија. За време на Литургијата епископот Стојанов ги освети трите нови камбани: Свети Стефан, Свети Константин и Елена и Успение на Пресвета Богородица.

Во својата проповед епископот Стојанов истакна: Со осветувањето на камбаните ние исклучиво ги предаваме во Божја служба. Нека нивниот глас биде повик на молитва. Повик на литургија. Нека на оние кои не можат да бидат присутни им навестува на кој дел од литургијата се наоѓаат во моментот во црквата. Нека ни ги навестуваат празниците, делењето на светите Тајни, нека нѐ повикуваат на молитва за починатите и нека со нас ги оплакуваат нашите покојни. Му благодариме на Господа Бога на нашиот Катедрален парох и капелан и донаторите што нашата катедрала стана гласна, пријатно збогатена со прекрасен звук. Но, да запомнеме, камбаната на Црквата никогаш не ѕвони – народно би рекле – без врска. Камбаната секогаш повикува, порачува или најавува.

Нека со осветувањето на камбаните Бог го освети нашиот слух за нивната порака да ја слушнеме, а секој пат кога ќе ги слушнеме да не биде само порака, повик на увото – туку секогаш и повик на срцето. Звуците на црковните ѕвона секогаш говорат – пеат со верничко срце. Амин.

По завршувањето на Литургијата следуваше агапе за сите верници во парохиската сала.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот