Епископот Стојанов ги благослови оргулите во Охрид

Епископот Стојанов ги благослови оргулите во Охрид

На празникот Преображение Господово, според Грегоријанскиот календар, 6 август 2025 година, во Католичката црква „Светите Кирил и Методиј и свети Бенедикт“ во Охрид, Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх монсињор д-р Киро Стојанов служеше света Литургија, на која ги благослови новите оргули. За време на светата Литургија Јована прими Света Прва Причест. Со бискупот сослужуваа парохот отец Оливер Тантушев и отец Гоце Костов.

На почетокот епископот Стојанов најпрво ги благослови новите оргугли, а потоа го започна евхаристиското славење.

Во својата проповед тој ја искажа радоста за овој ден, благодарејќи му на парохот отец Оливер Тантушев за поканата да ги благослови оргулите. Потоа се осврна и на Првата Причест упатувајќи поучно слово, до парохиската заедница, како и до родителите, кои се првите катехисти на децата. Проповедта ја заврши осврнувајќи се на празникот Преображение Господово и неговото значење во историјата на спасението.

За време на светата Литургија на оргулите свиреше Лука Костов, а пеењето го анимираа сестрите Евхаристинки, Наталија, Роберта и Клементина.

Оргулите во Охрид се изработени од познатиот чешки мајстор Антонин Хабетин заедно со неговиот помошник Милош Кулинковски. Оргулите ги имаат следниве карактеристики. Кутијата за воздух и основата се од една мала компанија од Северна Германија. Се друго, куќиштето, распоредот на свиралките, додавањето на педалот за запирање е дело на веќе спомнатиот мајстор. Вкупниот број на свиралки е 295, оргулите имаат 5 запирања во рачниот менувач и еден во педалата, и чисто механичка кутија за воздух со фиока. Инструментот е составен на овој начин од јануари 2025 година во личната работилница на мајсторот Антонин Хабетин во Добрива во близина на Рокичани. Оргулите се донација од бројни луѓе од Словачка со ангажирање на отец Душан Дубравицки. Искажуваме искрена благодарност нему и на сите луѓе во Словачка кои донираа за овој прекрасен музички инструмент.

Категорија: Вести, Македонија

За авторот