Во вторник, 6 август 2024 година Н.В.П. монсињор д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко-скопски епарх во епископската резиденција на Водно во проштална посета го прими амбасадорот на Европската унија во Македонија Н.Е. Дејвид Гир.
Во пријатна и срдечна атмосфера соговорниците искажаа заемна благодарбност за меѓусебната соработка во изминатите четири години за општото добро и луѓето во потреба.
На крајот од средбата епископот Стојанов на евроамбасадорот Дејвид Гир му подари медалјон од основањето на Струмичко-скопската епархија „Успение на Пресвета Богородица“ на кој се наоѓаат релјефи на Катедралната црква во Струмица и епископскиот грб со геслото „Да бидеме едно”.
к.мк
Категорија:
Македонија