Епископот не е изолиран пастир

Епископот не е изолиран пастир

Во фокусот на говорот на средбата со новите епископи на 14 септември 2017 година, беше задачата за расудување доверена на пастирите. Човекот продолжува да бара помош – рече папата Фрањо – во соочувањето со драматичните прашања кои го мачат.

Човекот продолжува да бара помош во соочувањето со драматичните прашања кои го мачат; и понатаму му е потребно татковство водство на патот полн со предизвици, потребно му е, да се упатува во таинството на неговото барање на животот и среќата – рече папата Фрањо примајќи ги во аудиенција епископите кои се ракоположени во текот на ова година. Таа средба беше пригода за Папата лично да ги запознае новите пастири, и да ја разгледа со нив посебноста на службата која ја примиле, односно задачата за сведочење на Евангелието и службата на Духот за да му го дадат на стадото потребното духовно и пасторално расудување и да ја запознае и оствари Божјата волја.

Дарот на Духот кој поддржува и води, а кој Црквата Го излева на епископите, се потпира меѓутоа на слаб грб. Заради тоа, оние кои водат некоја заедница е важна непосредна и спонтана склоност во послушноста на Бог – објасни Папата. Епископот не може да го подразбира посредувањето на толку големиот и натприроден дар како тој да е стекнато право; потребно е постојано да се моли за него, признавајќи се пред Бог како вечно момче кое не знае како да постапи.

Само оној кој го води Бог има право и влијание да биде предложен за водач на другите, а расудувањето во срцето на епископот и умот се раѓаат преку неговата молитва – рече Светиот Отец. Расудувањето е – додаде – милост на Духот дарувано на светиот верен Божји народ надарен со верско чувство кое го прави способно за „sentire cum Ecclesia“ односно да се сочувствува со Црквата. За епископот тоа е дар примен во народот, и насочен кон неговото спасение; тој не е самодоволен „padre padrone“, но, ниту исплашен и изолиран осамен пастир – истакна Папата.

Расудувањето на епископот затоа секогаш е делување во заедницата, поделено во мирен дијалог со другите, со собраќата во бискупијата, со своите свештеници, со верниците лаици. Затоа ве повикувам да го негувате ставот на слушање, растејќи во слободата да се откажете од сопствените ставови за да го преземете она Божјото – рече Папата и ги предупреди епископите своето послание да го живеат без протагонизам и нарцисоидност, и во понизност во однос на сопствените планови и во послушноста кон Евангелието, учителството, црковните норми и конкретната состојба на луѓето. Расудувањето е лек против суровоста, бидејќи истите решенија не се насекаде еднакво важни – рече Папата.

Освен тоа, Папата ги советуваше епископите со посебна чувствителност да се однесуваат кон културата и религиозноста на народот кој заслужува грижа и однос во дијалогот. Епископите се, повикани на придружба преку која во секој верник, во заедницата и во општеството, ќе созрее способноста за избор и остварување на добрата која ги сака Бог, во толку многу зло во реалноста. Притоа не треба да се заборави дека е важно да се воспита за Божјото трпение и за неговото време кое никогаш не е наше време, препознавајќи ја милоста сокриена во сегашноста и не губејќи го од видик неговиот план на љубовта која нè надминува – рече папата Фрањо.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот