Една од најголемите католички процесии се одржува во Филипините

Една од најголемите католички процесии се одржува во Филипините

Филипини: Стотици илјади, па и милиони луѓе според некои проценки на 9 јануари ја придружуваа статуата на Исус Назареецот во текот на процесијата која траеше 20 часа.

На 9 јануари 2019 година река луѓе помина по улиците на Манила во знак на побожност кон статуата „Црниот Назареец“, дрвена склуптура на Исус Христос во природна големина на која е прикажано како клечи на едното колено под тежината крстот, јавува ИКА.

Статуата Исус Христос познат под името Црниот Назареец, во 1606 година од Мексико на Филипните го донесуваат мисионерите Августинци. Таа статуа се смета за чудотворна затоа што останува неоштетена во пожарот кој избувнал на бродот со кој е испорачана и која најверојатно е причината за нејзината црна боја.

Процесијата со спомнатата статуа на која е прикажан Исус Христос со крст на рамењата се одржува во Манила три пати годишно: на Велики Петок, на Старата година и на 9 јануари. Процесијата на 9 јануари е спомен за настанот од 1787 година кога статуата од првичното светилиште е пренесена во малата базилика „Црниот Назареец“ во квартот Квапо и таа процесија е една од најпосетените од сите три и е една од најголемите верски процесии во светот. Информативната католичка агенција пренесува проценка која зборува за повеќе од стотина илјади верници кои учествувале на таа процесија. Од друга страна агенцијата Фидес збрува дури за повеќе од пет милиони учесници.

Во текот на процесијата која трае околу 20 часа, статуата се влече со јажиња на пиедестал без тркала долж маршрутата долга 6,5 километри. Верниците во процесијата најчесто учествуваат босоноги, настојуваат колку што можат повеќе да ѝ се приближат на статуата и се качуваат едни на други на рамењата за да ја допрат.

Папата Иноцент X во 1650 година го признава Братството на Исус Назареецот кој ја промовира побожноста кон тој приказ на Исус, а го почитувал и папата Пио VII и одредил потполн опрост за оние кои пред статуата побожно се молат пренесува Ватикан њуз.

Битно.нет/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот