На 17 јануари 2018 година, папата Фрањо служеше света Литургија на аеродромот Макехе во Темуко во Арауканија, повикувајќи ги домородните народи на Чиле да го бараат единството за кое зборува Исус.
Папата во својата проповед зборуваше за убавината на Арауканија, заблагодарувајќи се притоа на Бог што му дозволил да ја посети неа и нејзиниот народ.
Ова света Литургија ја славиме во атмосфера на благодарност, но и на тага и болка – рече Светиот Отец, потсетувајќи дека тој крај беше место на тешко прекршување на човековите права и на неправдите кон домородните народи, а кои се случуваа пред очите на светот. Ова света Литургија ја принесуваме за сите оние кои страдале и умреле, како и за оние кои секојдневно го носат товарот на големиот број неправди.
Потоа Папата предупреди на две искушенија: мешањето на единството со едноличноста и насилното наметнување на единството, истакнувајќи дека Исус не моли сите да бидат исти затоа што единството не е овде за да ги поништи или загуши разликите. Тоа не е идол или резултат на наметната интеграција; тоа не е хармонија по цена на оставање на некои на маргините. Единството е помирена различност и нема да дозволи во нејзино име да се прават лични и заеднички неправди – рече Светиот Отец.
Единството треба да се гради на почитувањето и солидарноста и не може да се прифати било кое средство за да се стекне. Во тој контекст папата Фрањо истакна две вида на насилство кои го загрозуваат единството. Прво, треба да се чуваме од „елегантните договори“ кои никогаш нема да се спроведат. Тој вид на насилство пречи на надежта. Второто, инсистира културата на меѓусебното почитување да не биде заснована на насилството и уништувањето кое завршува со одземањето на човечките животи. Насилството, на крајот е и најправедната цел на лагата – заврши Светиот Отец истакнувајќи дека вистинскиот пат кон единството се наоѓа во ефикасното ненасилство како стил на политика за мир.
РВ/к.мк