Духовните вежби за Папата и за членовите на Римската Курија ќе ги предводи кармелиќанецот отец Бруно Секондин

„Служители и пророци на живот Бог“, ќе биде темата за духовните вежби на кои ќе присуствува папата Фрањо и членовите Римската курија, а која ќе се одржи од 22 до 27 февруари во Домот на Божествениот Учител во Арича, место недалеку од Рим.

Медитацијата, во која ќе се толкува пророкот Илија, ќе ја одржи кармелиќанецот отец Бруно Секондин, професор во пензија на Современата духовност и Основите на духовниот живот на Папскиот Универзитет Грегоријана, кој папата Фрањо во јули минатата година го именува за советник на Конгрегацијата за посветените општества и општествасо апостолскиот живот. Тој е автор на многубројни книги и аниматор на средбите за молитвени читања на Светото Писмо (Лекцио Дивина).

Програмата за духовните вежби е предвидена да почне на 22 февруари, со евхаристиско обожавање и со Вечерна молитва во 18.00 часот.

За време на духовните вежби, како и обично, нема да се одржат ниту приватните ниту посебните ауденции, како и Генералната аудиенции во среда.

РВ/З.А.

Категорија: Ватикан

За авторот