Духовна обнова за свештениците од Струмичко-скопската епархија

Духовна обнова за свештениците од Струмичко-скопската епархија

Во вторник 23 декември 2025 година во просториите на парохијата „Свети Пророк Илија“ во Радово се одржа месечна духовна обнова за свештениците од Струмичко-скопската епархија.

На почетокот деканот протојереј ставрофор отец д-р Зоран И. Стојанов ги пренесе поздравите на Н.В.П. монсињор д-р Киро Стојанов. Потоа следуваше молитвата Шести час, а духовно размислување одржа протојереј ставрофор отец Георги Трајков врз основа на библискиот стих од посланието на апостол Павле до Евреите во кој се вели: Денес, кога ќе го чуете Неговиот глас, не закоравувајте ги срцата

По размислувањето следуваше света Бројаница, со кратки медитации составени од протојереј ставрофор отец д-р Зоран И. Стојанов, а свештениците имаа и можност за света Исповед.

Светата Литургија ја предводеше деканот протојереј ставрофор отец д-р Зоран И. Стојанов, а проповедаше отец Ѓорге Појразов.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот