Духовна обнова за свештениците

Духовна обнова за свештениците

На 8 март 2019 година во Катедралната црква „Успение на Пресвета Богородица“ – Струмица се одржа духовна обнова за свештениците од Струмичко – скопскатата епархија и Скопска бискупија. Духовната обнова ја предводеше Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов.

По молитвата до Светиот Дух и воведниот говор на епископот Стојанов во катедралата беше изложена Пресветата олтарска Тајна, а свештениците поттикнати од евангeлските читања каде се зборува за повикот на апостолите, размислуваа за сопсвтениот повик, а исто така на олтарот оставија сопствени молитви за свештеничкото посветување.

Во вториот дел од средбата се размислуваше за „Исусовата Првосвештеничка молитва“ (Ив 17,1-26), како и медитативни размислувања од книгите на папата Бенедикт XVI: „Исус од Назарет ги посвети во вистината“ и „Чекорење кон Воскресението“, по што следуваше молитвата Шести час, каок и можност за света Исповед.

Духовната обнова заврши со обредот миење нозе и обнова на свештеничкото ветување, како чин на заедништво на епископот со свештениците.

Оваа духовна обнова заврши со архиерејски благослов и заедништво во парохиската сала.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот