Да чувствуваш дека имаш духовен повик е слично на заљубеност. Чувствуваш дека тоа е она вистинското; не постои веднаш таа сигурност, бараш, проверуваш, со радост се замислуваш себе како монахиња, монах или свештеник. Ти станува некако блиску и привлечно сѐ што е поврзано со тоа: манастирот, хабитот, подготвеноста на жртва и одрекувањето, продолжен престој во црквата, во тишина, во молитва…
Духовниот повик не е како налепница која оддеднаш ja откриваш на себе, дека некој ти ја залепил. Тоа е Божји допир на твојата душа, средба. И лесно е да го препознаеш. Секако, не сме секогаш подготвени веднаш да поверуваме во тоа, бегаме, поставуваме илјадници прашања, но додека не се одговори на Божјиот повик во душата е немир. Ние сме навистина, непостојани, несигурни, неодлучни. Но, се вежбаме во истрајноста, верноста во дадениот збор, го молиме Господ за таа милост, си обезбедуваме време за поблиска средба со Господ. Се бодриме едни со други за да истраеме, радосно и предано во служењето на Бог и ближниот!
Духовни-позив блогспот/к.мк