Донација на користена облека од Парохискиот Каритас Богданци за ЈУ Специјален завод – Демир Капија
Во четврток 3 октомври Парохискиот Каритас при парохијата „Свети Кирил и Методиј“ од Богданци, под водство на протојереј ставрофор отец Тома Ангелов, заокружи уште една успешна акција на собирање користена облека, која беше предадена на ЈУ Специјалниот завод – Демир Капија.
Благодарение на жителите од Богданци и околните места континуирано со години наназад парохијата од Богданци донира користена облека на ЈУ Специјалниот завод – Демир Капија, но и на други установи и лица во потреба.
Од Парихискиот Каритас во Богданци информираат дека собирањето користена облека продолжува, а се со цел да им се помогне на лицата во потреба.
к.мк