На брифингот за новинари одржан на 24 октомври 2019 година, а по повод Синодата за Амазонија претставници на домородните народи истакнаа дека оваа синода за нив е надеж, затоа што отвора простор за дијалог и средба
Во центар е Исус Христос. Исус нѐ обединува – со тие зборови за Синодата за Амазонија, Делио Ситиконтаци Камаитери, претставник на домородните народи Ашанинка од Перу, одговори на новинарско прашање за предлогот, произлезен од синодата за воведување посебен амазонски обред.
Гледам дека сте малку вознемирени како да не сте во состојба да сфатите што е потребно за Амазонија. Имаме свое видување за вселената, свој начин на кој гледаме на светот кој нѐ опкружува – рече Делио. Природата повеќе нѐ приближува кон Бог. Нѐ приближува како би го гледале Божјото лице во нашата култура, во нашиот живот. Ние, како домородци, живееме во склад со сите живи суштества. Гледам дека не ви е јасна претставата која ја имате за нас домородците. Гледам дека сте збунети, со сомнежи за реалноста која ние домородните народи ја бараме.
Не правете го вашето срце тврдо, треба да го направите благо – поттикна Делио. Тоа е Исусовиот повик. Нѐ повикува да бидеме обединети. Веруваме во само еден Бог. Мораме да останеме обединети. Тоа е она што го посакуваме ние, домородните народи. Имаме свои обреди, но тој обред треба да се темели на Исус Христос, кој е центар на сѐ (…) – истакна Делио и додаде: Центарот кој нѐ обединува на оваа синода е Исус Христос.
Синодата за домородните народи е надеж
Делио освен тоа објасни дека синодата е надеж за домородните народи. Амазонија е неизмерна реалност која страда и плаче затоа што не знаевме да ја цениме. Своите надежи ги ставаме во синодата, затоа што досега никој не нема сослушано. Нѐ убиваат затоа што мисламт дека немаме права. Оваа синода отвора простор за дијалог и средба со цел заштита на Амазонија, и тоа не само на Амазонија, туку и на целиот свет – истакна Делио.
Амазонски обред
Префектот на Конгрегацијата за клер, Стела, одговори на прашање во врска со предлогот да се создаде амазонски обред, и рече дека е сосема природно од синодата да произлезе таква иницијатива. Амазонските народи чувствуваат потреба за комуникација на сопствениот јазик, нивните симболи и локални обреди. Амазонија е повеќе етничка, повеќе јазична реалност која ја прават стотина етнички групи и стотина јазици – рече кардинал Стела.
Ватикан њуз/к.мк