Во недела 28 октомври 2018 година на третата програма на Италијанската радиотелевизија започна прикажувањето на документарната серија за педијатриската болница „Bambino Gesù”.
На третата програма на Италијанската радиотелевизија во 28 октомври 2018 година започна прикажувањето на документарната серија „Лекари во одделението, за „Папската болница“ – педијатриска болница „Bambino Gesù“. Снимањето на серијата траело 16 месеци, а во 10 епизоди ќе се прикаже како лекарите, медицинските сестри, пациентите и семејства на болните се носат со болестите.
Спомнатата серија пред една седмица беше претставена на конференција за печат. Во таа прилика директорката на болницата „Bambino Gesù“, Мариела Енок, истакна дека не е лесно да се влезе со срцето и духот на таа болница, и додаде дека целта им била да се испрати порака со надеж – дека болеста може да се надмине во соработка помеѓу лекарите и семејството. Директорот на Третата програма на Италијанската радиотелевизија, Стефано Колета рече дека е многу горд на спомнатата документарната серија и дека е потребно да се работи на рушење на културното табу поврзано со болестите.
Серијата е снимена после успехот на документарната серија „Младите од болницата Bambino Gesù“, исто така во продукција на Италијанската радиотелевизија, во која се прикажани животните приказни на десетина млади луѓе, кои и покрај тешката болест, ја зачувале спонтаноста, желбата и соништата типични за нивната возраст.
Ватикан њуз/к.мк